Заев: Имаме преку 30 прашања за кои ќе разговараме со Ципрас
-Ќе разговараме за преку 30 прашања од сите области важни за двете земји – Република Грција и Република Северна Македонија, особено за економските зашто ќе има средба на стопанските комори од двете земји, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Прилеп одговарајќи на прашањето што ќе биде во фокусот на разговорите при официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавена за во вторник.
– Прашањата се многу, преку 30. Некои земји кои ја испуштиле соработката, сега сакаат се. Драго ми е што постои голема желба и љубов од двете страни за средбата. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет за некои да ги реализираме, истакна Заев.
Во фокусот на разговорите се економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита…
Најави одржување состанок со стопанските комори на двете земји и со претставниците на бизнисот, бидејќи, како што рече сите граѓани во двете земји очекуваат економски придобивки од Договорот од Преспа.
-Ова е прва официјална посета на еден премиер на Грција и верувам дека ќе бидеме задоволни од перспективите што се отвораат од оваа посета, изјави Заев
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок

