Заев – Курти: Двете земји добро се справија со коронавирусот, неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите
Република Македонија и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот, заклучија во денешниот телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.
Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот на СДСМ Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.
Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.
– Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочил Заев, додавајќи дека, како што соопштија од СДСМ, се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“