Заев-Меркел: Референдумот е одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата
Канцеларката Ангела Меркел во денешниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ја потврдила поддршката на Германија за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција. Воедно дала поддршка и на напорите на Владата за зајакнување на европските и атланските перспективи на државата.
Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците заклучиле дека референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата.
Премиерот Заев ја информирал Меркел за текот на подготовките за претстојниот референдум и посочил дека Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните.
Премиерот истакнал и дека Владата активно продолжува со реформиските напори во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет од јуни годинава, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби.
Заев и Меркел разговарале и за конкретни чекори за зголемување на економската соработка меѓу двете држави, како и за други актуелни билатерални и регионални прашања
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
