Заев: Многу е важно да не бидеме обезличени дома
Многу е важно да не бидеме обезличени дома, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција.
Прашан за тоа кое име е најприфатливо, Заев не прецизира, но посочува дека ако се гледа од историски аспект денешната македонска држава го зазема горниот, северен, вардарски дел од Македонија, како што еден дел има Бугарија, а еден дел е во Грција.
- Делот од историска Македонија што е во Бугарија, ние го признаваме како бугарски и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, бидејќи Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија од кои некои се чувствуваат како Македонци и тоа е нивно право. Ние со тоа немаме никаков проблем, вели Заев.
Во контекст на евроатланската интеграција, која засега е блокирана од Грција поради прашањето за името, премиерот Заев вели дека разговорите за спорот продолжуваат со цел да се најде решение.
- Ако не успееме, веројатно нема да имаме иднина во ЕУ и НАТО. Тогаш ќе треба Европа да ја доведеме во Скопје, во Македонија. Не гледам друга опција. Во краен случај ако не се најде решение, прашањето ќе остане отворено и ќе продолжиме по три, шест месеци повторно да бараме одговор, рече Заев за БТВ.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи