Заев: Мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување
Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Како што изјави денеска, делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии, остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии.
Заев повтори дека СДСМ поддржува една изборна единица, а опозицијата бара мнозински модел. Тој информира и дека ДУИ предлагала три изборни единици, па потоа, како што слушнал, осум изборни единици, но на Влада, истакна, не се разговараат ваквите прашања, туку на партиско ниво каде што се преговара.
-Министерот за правда ме информира дека со претставниците на парламентарните партии е усогласен делот за се она што значи стокмување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. И тука е завршено. Сега продолжуваат дебaтите за двете теми за обид за унапредување на демократскиот начин на гласање. Тоа е, предложени теми од опозицијата и од власта или од поголеми и помали партии. За локалните избори опозицијата предложи прв круг избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупнот број гласачи. Тоа треба да се усвои или одбие од сите партии. Нашиот предлог е отворените листи зашто мислиме дека советниците им должат многу повеќе на граѓаните отколку на своите матични партии или коалиции кои ги предлагаат и сериозен демократски исчекор е. Но, се надеваме дека ќе се постигне консензус или барем поприличен консензус затоа што Изборен законик знаете дека нели традиција имаме заедно сите, рече Заев.
Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата, за владејачката партија е уназадување.
-Далеку од изборите без притисок на парламентарни избори се разговара за некоку нови модели. Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификaција или поголема разноликост на Парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии и ќе ја унарпеди демократијата во државата, а ќе гарантира поголема застапеност и на помалкубројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата, од генерално последното што го слушнав, бара мнозински модел. Тоа е уназадување според нас. Но, нека разговараат тимовите, па ќе ги слушнеме сите аргументи, истакна премиерот.
Тој изрази надеж дека сите ќе имаат обврска да прифатат чекорење кон унапаредување на демократските модели на гласање.
-Изборите се врв на демократијата. Ние сме отворени и за прифаќање на се што е добро и што значи унапредување. Подготвени сме да се откажеме од дел од тоа што во сегашните модели ни следуваат како гласови и пратенички места за сметка на демократија зашто едната ИЕ веројатно поголемите четири партии ќе изгубат дел, но ќе добијат граѓаните, ќе добие демократијата преку застапеност на помалите партии, подвлече премиерот.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница