Заев: На проблемот со Бугарија се работи, наскоро ќе ја посетам Софија

На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Македонија и Бугарија, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев.
– Сакам да ја посетам Бугарја и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи, истакна Заевкој заедно со заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски извршија увид на изведувањето градежни активности во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик.
Премиерот пред новинарите рече дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
