Заев на средба со директорот на ГИЗ: Од заедничка соработка очекуваме зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата

За значењето на континуираната соработка и поддршка што Северна Македонија ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата беше разговарано денеска на средбата на премиерот Зоран Заев со директорот на ГИЗ за земјава, Давид Оберхубер.
На средбата, како што се наведува во соопштението се зборувало и за иницијативите и поддршката што Германија и ја пружа на земјава и преку експертизата на советникот Валтер Дефа, делегиран од канцеларката Ангела Меркел во неколку клучни економски области. Станува збор за координација на економските политики, балансиран регионален развој, енергетика и политики за климатски промени, а како најважна област на која во иднина ќе се посвети посебно внимание беше посочено подигнувањето на конкурентноста особено кај малите и средни претпријатија за нивно побрзо вклучување на меѓународните пазари.
-Најголемиот фокус на Владата е економијата. Нашата клучна определба е како држава да ги поддржиме сите процеси коишто значат подигнување на конкурентноста на приватниот сектор, преку низа мерки коишто ги спроведуваме низ Планот за економски раст и преку мерки за поддршка на раст на конкурентноста преку Министерството за економија. Вашата помош и експертиза за нас се многу значајни и очекуваме од соработката со советникот Дефа и Германското друштво за интернационална соработка да постигнеме резултати кои ќе значат зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата, рече премиерот Заев.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
