Заев најави оставка ако референдумот не помине

Македонија нема план Б. Околу 80 проценти од граѓаните се изјанија дека сакаат во ЕУ и НАТО. Убеден сум дека граѓаните ќе ја донесат одлуката на референдум, изјави вечерва премиерот Зоран Заев на гостувањето во емисијата „Уреднички бриф“ на 1ТВ.
Според него, важно е државите членки на ЕУ и НАТО да дадат охрабрувачка порака за Македонија.
- Македонија не само што испорача успех и пријателство, таа испорача и модел за решавање на тридецениски спорови. Македонија е модел кој може да се практикува. Не се сомневам, знам, дека ќе испорачаат охрабрувачка порака. Тие се должни за тоа, нагласи Заев.
Во однос на ставот на Франција за проширувањето, премиерот Заев рече дека Франција е пријател на Македонија и оти тие немаат проблем со Македонија.
- Јас сум среќен што денеска сите земји ја охрабруваат Франција да донесе позитивна одлука. Нема земја која е против Македонија. Веројатно Франција од внатрешната дебата е со ваков неизјаснет став. Франција е голем пријател на Македонија. Кога се мисли на Франција, буквално цел свет делува. Дури без наше знаење и државниот секретар на САД Мајк Помпео вртеше телефон за да охрабри, истакна Заев.
Во однос на договорот за името, премиерот Заев нагласи дека имаме фер решение засновано на факти и оти Грција е наш поддржувач.
- Имаме фер решение засновано на факти. Премиерот Алексис Ципрас вчера разговараше со претседателот на Франција на состанокот којшто го имаа за миграција. Министерот Коѕијас секој ден врти телефони како за своја земја. Тоа треба да го знаат граѓаните. Сакам да градиме искрено пријателство и взамено почитување, рече Заев.
На референдумот, како што посочи, треба да му се даде шанса на народот да излезе и да се изјасни.
На прашање од граѓани дали ќе си поднесе оставка доколку не успее референдумот, Заев одговори дека ќе си замине ако не успее, но нагласи дека е сигурен оти тој сигурно ќе биде успешен.
На вечерашното гостување, Заев рече дека поранешниот премиер Никола Груевски додека преговарал за прашањето за името со Грција, прифатил „ерга омнес“, односно име за севкупна употреба, но тогаш проблем било што Грција не го прифаќала македонскиот идентитет, за разлика од сега кога го прифаќа.
Ново на Сител
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
