Заев: Најоптимистичко сценарио е изборите да се одржат во јуни
Најоптимистичко сценарио е изборите да се одржат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, мај, така што јуни би можело да се одржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на емисијата 360 степени.
Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно и дека е можно било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември, но, според него, тоа сега не може да се предвиди со сигурност. Заев смета дека доколку се оддржеа изборите на 12 април СДСМ ќе победи.
-Сите анкети кои беа направени во февруари, пред да започне коронакризата покажаа дека СДСМ заедно со коалицијата води со 4-5% пред опозицијата. И доколку се оддржеа изборите на 12 април анализите покажуваа дека дефинитивно победуваме. Но, нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа датумот за избори ќе биде одлучен по завршувањето на кризата, истакна Заев на интервјуто во ТВ Алсат.
Претседателот на СДСМ Заев потсети на успехот на неговата партија која, како што рече, за две ипол години се исполнија две стратешки цели на државата, членството во НАТО и добивањето на позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ.
-Добивањето на одлука за почеток за преговори со ЕУ после 15 години чекање е сериозен успех бидејќи го завршуваме конечно тој период. Одлуката е многу важна, а добивме и максимум, односно таа е безусловна и самата содржи опис за подготвување на целиот процес до оддржувањето на меѓувладината конференција, истакна Заев.
Според него, најважно во моментов е да се справиме со коронакризата, но за тоа време Република Македонија не треба да бега од своите обврски, а воедно, потенцира Заев, и нашите соседи кои имаат обврски по договорите кои сме ги склучиле со цел градење на стратешкото партнерство.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево