Заев не размислува за оставка и предвремени избори

Премиерот Зоран Заев во коментар на барањето на опозицијата за оставка и предвремени парламентарни избори по објавата на случајот „Рекет“ изјави деканема намера да размислува за такво нешто.
– Апсолутно Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да размислувам за ниту за оставки, ниту за предвремени избори, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања за случајот „Рекет“, вечерва на приемот во Клубот на пратеници по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Изборите, дополни, се редовни. Реков дека тие не мора да бидат во декември затоа што тогаш беа преусилени и мораше да се случат во декември. Може да бидат во октомври, ако тоа за некој значи успех за предвремени избори. Но, по големите политички одлуки, по сите реформи кои заедно ги донесовме, по нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да почнеме преговори со ЕУ, време во кое економските параметри се одлични и продолжуваат да бидат одлични, треба да и дадеме шанса на државата, да истурка максимум од овој неповторлив, драгоцен период, заради тоа што економски бенефит треба да видат граѓаните, рече премиерот Заев.
Тој повтори дека мора да се даде шанса да расте економскиот стандард и тоа да не се уништи, како што рече, преку нечија желба да се оди на предвремени избори.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, прашан какви се односите во владината коалиција рече дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.
– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери, рече Ахмети.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
