Заев: Не знам до каде е истрагата, одлуката за Филипче ќе ја донесам врз основа на експертскиот извештај
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.
-Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.
Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.
-Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна трагедија, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии
-
Во сообраќајна несреќа во Тетово животот го загуби 61-годишен пешак
-
АХВ изрече мерка за дезинфекција во мензата во Воената академија - Утврдени причините за труењето
-
Владата одржа седница, донесени повеќе одлуки
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители