Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ
Премиерот Зоран Заев во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“ истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато.
–Се што стои по меѓународното право ќе преземемe и не се откажуваме. Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато, рече премиерот Заев на новинарско прашање во ТИРЗ Тетово каде присуствуваше на поставување камен темелник на нова фабрика.
На прашање од новинарите зошто нема исплата на штети за случајот Сопот, Заев истакна дека има судски спогодби и најверојатно станува збор за случај каде се уште се преговара.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
