Заев: Платите и пензиите пораснаа и ќе растат

Платите пораснаа за над 6.000 денари, и просечната и минималната, за три пати повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ. И ќе растат. За три месеци – минималната плата ќе биде 18.000 денари, а просечната над 30.000 денари. Платите, пензиите и поддршката од државата и натаму ќе растат, ќе бидат поголеми од потребните трошоци за живот, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.
На граѓанската трибина „Најдоброто за мојата општина” која се одржа вечерва во Бутел, Заев порача дека македонската економија е стабилна и дека државата е тука и за општините и за секој човек и истакна и дека инвестициите од централната власт стратешки ќе се употребат за нови работни места и за повисоки плати за секого.
– Обезбедуваме рамномерен развој во сите региони со планска распределба на централните инвестиции. Ќе го поддржиме развојот на малите бизниси, посебно на дефицитарните бизниси во општините, за да се развиваат и да ги има во поголем број – тоа е нашата мисија, истакна тој.
Дополни дека инвестираат во сите региони, без никаква дискриминација.
– Тоа се гледа и тука во Бутел каде се инвестираше во бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во секое населено место во оваа општина. Седумстотини илјади евра вложивме во развој на патната инфраструктура овде во Бутел. Во индустриската зона Визбегово поставивме водоводна и канализациска мрежа, посочи тој.
Заев им порача на граѓаните дека за ова да продолжи потребно е на 17-ти октомври да се даде поддршка на овие проекти и да се одбере „Најдоброто“ за Бутел, а, како што кажа, најдоброто го носи политичката програма на Велимир Симовски.
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
