Заев: Полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските служби
После сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи (МВР), успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време полиција, пријател и заштитник на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на денешното одбележување на Денот на македонската полиција 7 Мај.
Новата цел, додаде тој, е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските професионални служби.
- Резултати веќе стигаат, а ќе стигаат уште повеќе и уште побрзо доколку сите општествени чинители политичките сили и граѓаните гледаме напред кон иднината и преземеме обврска дека заедно ќе соработуваме во спроведување на законските решенија кои се дел од големата реформа на институциите и на службите во нашата земја, рече Заев.
Многу е важно, потенцираше тој, Македонија да ги професионализира и да ги деполитизира службите и да изгради систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата независно од промената на политичките раководства на власт.
- Полицијата и МВР никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели заради поддржување на поединци на власт, рече премиерот Заев.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави зголемување на платите на полициските службеници од 1 декември оваа година.
Високо на нашата агенда се реформските процеси преку кои ја, како што кажа тој, МВР ја враќа довербата кај граѓаните. - Го реформираме системот за следење на комуникациите, ја зајакнуваме наддворешната контрола над полицијата, ја интензивираме соработката со граѓанските организации, дозволуваме да бидеме контролирани и критикувани, рече министерот.
Зборувајќи за минатогодишните насилства во Собранието, Спасовски кажа дека извршителите и креаторите не смеат да останат неказнети.
- Особено оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ, рече министерот за внатрешни работи.
Во показните вежби учествуваат 600 полициски службеници. Наградени се седум лица од кои тројца од шестата управа, еден припадник на Алфите и тројцата од одделението за обезбедување на имоти и лица.
Со едноминутно молчење денеска почит им беше искажана и на сите припиадници на безбедносните служби кои ги дале своите животи.
Показни вежби по повод Денот на полицијата во изминатите денови се одржаа и во Охрид и во Скопје.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
