Заев: Предвидени се 52 милиони денари за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата
Владата усвои Програма за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Во објавата тој потенцира дека се предвидени 52 милиони денари за надомест на трошоците за набавка на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, печчки на палети и фотомапонски панели за производство на електрична енергија.
– Предвидено е да се искористат 52.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на: сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања; Печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; и Фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство, наведува Заев.
Во друга објава на неговиот фејсбук-профил, премиерот посочува дека компаниите во ТИР зоните го зголемија бројот на вработени и во услови на пандемија.
– Вкупно се ангажирани 14.067 лица, што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година. Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%, наведува Заев во објавата.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија