Заев: Преку европските вредности до европски стандард

Низ унапредувањето на економските аспекти на живот во Република Македонија верувам дека многу побрзо може да ја доближиме Македонија до Европа. Наша цел е практикувајќи ги европските вредности и во Македонија да го приближиме нашиот стандард со стандардот на граѓаните на Европската Унија. Тоа е единствено можно преку соработката на политиката со бизнисите, порача македонскиот премиер Зоран Заев кој денеска учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“ во Виена, годинава посветен на темите „Политиката се среќава со економијата“ и „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“.
Соработката меѓу бизнисот и политиката, посочува, е отворена тема и во македонското општество и нешто на што е фокусирана владата со огромен процент од својата енергија.
- Во присуство на познати луѓе на Виенскиот економски форум, но и со луѓе од целиот наш регион, од земјите од Западен Балкан, земјите кои што се аспиранти кон Европската Унија, дебатираме отворено на висока инстанца, како што знаел Виенскиот економски форум тоа да го прави, за да го приближиме нашето македонско семејство со целиот Западен Балкан, до Европската Унија како конечна цел, рече Заев во изјава за медиумите.
Новите работни места, повисокиот стандард на живот на граѓаните, растот на бруто домашниот производ, смета македонскиот премиер, е возможно да се остварат преку директни инвестиции, домашни или странски, преку мотивирање на отворање нови работни места, нови производствени погони и зголемување на економската трговија генерално. Особено, вели Заев, треба да се обрати големо внимание на извозната компонента која, како што истакна, претставува значаен фактор за одржлив дел на економскиот раст и развој на Македонија.
Ново на Сител
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
