-->
-->
Заев: Препораките од компаниите со странски капитал важна порака за идните инвеститори
-->

Како што информира владината прес-служба, за ова денеска разговарале премиерот Зоран Заев и делегација на сопствениците и на менаџментот на компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп.
На средбата во Кабинетот на премиерот, како што се наведува, присуствувале и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а во името на сопствениците на компанијата, Христофорос Павлидис информирал за тековните бизнис активности на компанијата „Мермерен комбинат“.
Премиерот Заев ги поздравил намерите на компанијата да вложува во осовременување на технологијата за производство и во производството на готови производи и нагласил оти како и секоја друга компанија, и „Мермерен комбинат“ може да очекува поддршка од владините програми за развој на бизнисот, особено кога станува збор за инвестициски вложувања што отвораат нови и добро платени работни места.
Заев истакнал дека секоја средба со претставниците на компаниите со странски капитал е добредојдена за усовршување на моделите за соработка со владините институции и за надминување на прашањата кои произлегуваат од работењето.
- Секое искуство и препораки што доаѓаат од бизнисот и од компаниите со странски капитал, и нивните успешни приказни, во истовреме се и пораки за потенцијалните и идните инвеститори и за нас се многу важни, нагласил премиерот Заев на средбата со сопствениците и со менаџментот на компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта