-->
-->
Заев: Препораките од компаниите со странски капитал важна порака за идните инвеститори
-->
- Компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп ги најави новите инвестициски планови за дополнителен развој и нивните намери да вложуваат и во други области, особено во енергетиката, во делот на производство на електрична енергија од обновливи извори.Како што информира владината прес-служба, за ова денеска разговарале премиерот Зоран Заев и делегација на сопствениците и на менаџментот на компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп.
На средбата во Кабинетот на премиерот, како што се наведува, присуствувале и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а во името на сопствениците на компанијата, Христофорос Павлидис информирал за тековните бизнис активности на компанијата „Мермерен комбинат“.
Премиерот Заев ги поздравил намерите на компанијата да вложува во осовременување на технологијата за производство и во производството на готови производи и нагласил оти како и секоја друга компанија, и „Мермерен комбинат“ може да очекува поддршка од владините програми за развој на бизнисот, особено кога станува збор за инвестициски вложувања што отвораат нови и добро платени работни места.
Заев истакнал дека секоја средба со претставниците на компаниите со странски капитал е добредојдена за усовршување на моделите за соработка со владините институции и за надминување на прашањата кои произлегуваат од работењето.
- Секое искуство и препораки што доаѓаат од бизнисот и од компаниите со странски капитал, и нивните успешни приказни, во истовреме се и пораки за потенцијалните и идните инвеститори и за нас се многу важни, нагласил премиерот Заев на средбата со сопствениците и со менаџментот на компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
