Заев: Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат уставните измени
Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача денеска премиерот Зоран Заев на седницата на собраниската Комисија за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.
Во текот на дебата Трајко Вељаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието му порача на премиерот Заев дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот.
- Немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. Досега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех, продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот, рече Вељаноски.
Според него, договорот со Грција е незаконски, нелегален и противуставен, наметнат и склучен набрзина без потпис од Претседателот на државата и се уште не е објавен во „Службен весник“.
Вељаноски смета дека еден потесен круг во Владата решила да се занимава со менување на Уставот и да го претстави како прашање за национален консензус, посочувајќи дека во изминатитот период во врска со ова прашање не биле консултирани ниту граѓаните, ниту партиите, ниту пратениците, ниту претседателот на државата што, вели, доведе до дополнителна поделба на граѓаните.
Пратеничката Соња Мираковска од НСДП истакна дека ќе ги поддржи уставните измени и ги повика своите колеги од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го сторат истото.
Според неа, со договорот од Грција нашиот идентитет силно се поддржува и доколку не се промени нешто, нашиот идентитет ќе биде уште поранлив, посочувајќи на информациите дека се повеќе наши граѓани бараат туѓи пасоши што значи менување на идентитет на цели семејства. Со зајакнување на идентитетот, истакна Мираковска, се зајакнува и државноста.
Во репликите на говорот на Мираковска, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека Договорот од Преспа е мртов, дека власта ги толкува резултатите од референдумот како сака без да го почитува Законот и дека никој нема право да оди против волјата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници