Заев со бордот на „Македонија 2025“: Да го искористиме огромниот потенцијал за соработка
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со новата директорка на бордот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф и новиот главен извршен директор Никица Мојсоска-Блажевски за можностите на продлабочување на соработката во насока на поддршка на економскиот развој на земјата.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ја посочил важноста на процесот на зачленувањето на нашата држава во НАТО како важен предуслов земјата да се позиционира како стабилна и долгорочна бизнис-дестинација. Потенцирал дека првите резултати покажуваат рекордно високо ниво на странски директни инвестиции во 2018 од над 624 милиони евра. Премиерот Заев порачал дека соработката со организацијата МК 2025 во овој правец е значајна за промоција на земјата во светот, за привлекување нови странски директни инвестиции, но и за изнаоѓање нови пазари за нашите домашни компании и соработка што е значајна за размена на нови знаења и развој на нови вештини.
– Со бизнис-заедницата во нашата земја и во дијаспората, Владата на Република Северна Македонија има намера да ја продлабочува соработката и во тој правец започнуваме да работиме на реализација на конкретни проекти и развој на нови идеи што ќе ја унапредат економската соработка и ќе бидат од корист за граѓаните на Република Северна Македонија. Вашата организација преку своите програми и стипендии за поддршка придонесува за обуки и тренинг на нови кадри, тоа се млади луѓе од нашата земја кои понатаму помагаат и придонесуваат во нашата земја и во целокупниот развој на нашата економија. Тоа е значајно, вашите цели се во линија со нашите долгорочни цели за економски развој, имаме огромен потенцијал за соработка кој треба во целост да го искористиме, посочил премиерот Заев.
На средбата се дискутирало и за потенцијалите на економски раст што ги поседува Република Северна Македонија, кои може да бидат ставени во функција преку привлекување нови инвестиции во овие сектори за што е значајно продлабочување на соработката со оваа организација за промоција на деловната клима во нашата земја и привлекување нови инвестиции, како и за градење нпартнерски однос и релации со бизнис-заедницата во дијаспората.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар