Заев: Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“
Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“. Република Македонија ја изгради оваа голема вредност и придобивка, која денес ја препознава целиот свет и е важно да ја афирмираме и негуваме, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.
Денеска e Меѓународен ден на толеранцијата во календарот на Обединетите Нации. Во пораката за оваа година, подвлекува тој, ОН порачуваат дека овој ден е потсетник дека различностите, достоинството на секој маж и жена, и борбата против расизмот и дискриминацијата треба да бидат наше секојдневие.
– Ве повикувам да продолжиме да го зацврстуваме и да го браниме општеството на еднакви граѓани без разлика на нивната етничка, социјална, верска, сексуална и било каква определба, за да живееме во разбирање и мир, слога и заедништво, во општество во кое секој ќе се чувствува еднакво и сигурно, објави Заев на ФБ.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари