Заев: Трајко, Миле, Спиро не се организатори на 27 април
Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски.
-Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, овие луѓе се изманипулирани од Груевски и според мене, не мислам дека се организатори на тој громорозен настан, туку се изманипулирани од Груевски, изјави во судницата Заев.
Додаде дека не е коректно за правосудниот систем да се води ваков предмет за организаторите на 27 април.
На ваквиот исказ реагираше Обвинителката која го води предметот.
Според Вилма Русковска, сведокот не бил повикан да дава свои мислења за настанот туку да каже што слушнал и видел.
Заев беше повикан да сведочи по барање на обвинетиот Трајко Вељановски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово