Заев: Успешна средба со албанската опозиција за Законот за државјанство
Направен е сериозен исчекор напред по однос на решение за Законот за државјанство. Ова го изјави премиерот Заев, по средбата во Собранието со лидерите на албанската опозиција Села и Гаши. Средбата беше нов обид за решавање на проблемот со немањето на државјанство на одреден број граѓани, од чиј исход зависи и од одблокирањето на работата на Собранието. Заев не сакаше да навлегува во детали за договореното, но посочи дека станува збор за 2727 барања за државјанство. Премиерот посочи дека очекува конечен договор до крајот на оваа недела, откако експертите ќе работат на усогласување на деталите.
Заев дополни дека денешниот договор да биде доволна причина, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги повлечат амандманите за Законот, а коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива до дозволат носење на петтиот пакет мерки за поддршка на стопанството.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
