Заев утре во Берлин на средба со Меркел

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.
По средбата, како што соопшти владината прес-служба канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес - конференција.
За време на посетата во Берлин Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“.
Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
