Македонија
9. August 2016 - 21:18

Заев во посета на погодените реони во Скопје

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, продолжи со акцијата за помош на погодените подрачја во Инџиково, Црешево и Смилковци. Тој ја истакна неопходноста од хуманост за практичните потреби на граѓаните од поплавените реони.

Тонско Зоран Заев (Испораката се состои од хуманитарна помош, пет камиони и скипери за расчистување на материјалната штета од поплавата...)

Заев истовремено апелираше до сите урбани општини да се вклучат со свои механизации и специјални возила, за расчистување на отпадот кој го предизивика невремето.

„Не е време за политички поени во време за солидарност, нагласувањето на слабостите ќе доведе до дополнителен револт кај граѓаните“ – додаде тој.

Акцијата за помош продолжува и утре во населените места во Гази Баба.