Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот
Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Еуроњуз, јави дописникот на МИА од Атина.
- Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно и така направивме и втора ревизија на нашиот Устав, за да преземеме мерки против иредентизам и било што друго слично. Сите чекори што ги направивме досега, се во насока на целосно отстранување на иредентизмот. Сигурно грчките граѓани знаат дека немаме територијални претензии или што било друго што е поврзано со тоа, вели Заев во интервјуто.
Во однос на тоа дали и идентитетот е предмет на преговори, македонскиот премиер одговара негативно. Вели дека не постои разговор за идентитетот, односно за националноста, но постои параграф за државјанството.
Заев објаснува дека ерга омнес за името, значи спроведување на решението за останатиот свет.
- Ерга омнес значи имплементација за останатиот свет, за целиот друг свет. Ние сме подготвени да разговараме за оваа имплементација, затоа што знам дека е многу важна за грчката страна. Треба да ги разбереме во однос на ова, зошто за нив е неопходно да имаат ерга омнес, вели Зоран Заев.
Целото интервју на македонскиот премиер за Еуроњуз, ќе биде објавено подоцна, во текот на денот.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица