Заев: За изградба на патишта 600 милиони евра
Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека во нивниот изборен „План за живот во Македонија“ планираат да вложат 600 милиони евра за изградба на патишта во првите две години. Испланирани се, како што изјави, нови 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта.
Главни патишта кои планираат да ги градат се Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија, Штип – Радовиш – Струмица, граница со Бугарија, Штип – Кочани – Виница – Делчево, Гостивар - Кичево, Требеништа – Струга – Ќафасан, Романовце – Крива Паланка – граница со Бугарија, рече Заев.
Оценувајќи дека патиштата низ Македонија се оштетени, руинирани и необезбедени за граѓаните, најави дека планираат да ги модернизираат со современа сигнализација, да ги санираат сите црни точки, како и да ја намалуат цената на зелениот картон.
- Планираме приградски патнички сообраќај што ќе се состои од четири краци во и околу Скопје. Со нова пруга од аеродромот Александар Велики до Скопје (Миладиновци). Освен тоа ќе изградиме нови пруги на неколку патни правци како што се: Куманово - Бељаковце, Бељаковце - Куманово и Крива Паланка - Деве Баир, рече Заев.
Нашата намера, додаде, е на секој граѓанин, без разлика дали живее во град или во село, да му се овозможи да има свој пристапен и сигурен пат, како и достапен, модерен јавен превоз. - Брзиот и ефикасен транспорт ги намалува трошоците на компаниите, ја зајакнува конкурентноста и директно влијае на севкупниот раст и развој на македонската економија, рече Заев
Ново на Сител
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари