Заев за „Политика“: Власта е стабилна, не ни се потребни предвремени парламентарни избори
Во интервју за српскиот весник „Политика“ претседателот на СДСМ Зоран Заев зборуваше за повеќе актуелни теми во пресрет на вториот круг од локалните избори.
Одговарајќи на прашањето дали се планираат предвремени парламентарни избори, Заев истакна дека нема потреба од нови избори и дека парламентарното мнозинство е стабилно и може дополнително да расте.
„ Државата има стабилна влада - демократска, европска, мултиетничка. Владата е столб кој го чува курсот кој сите заедно си го зацртавме и по кој се движиме напред. Коалицијата на Владата е стабилна и очекувам да расте. Не ни требаат нови избори. После долго време конечно имаме 2.5 години пред нас, период без избори, тоа е ретка можност. Тоа е она што го бараат граѓаните и она што е неопходно за економските перспективи. Јас цврсто стојам на тоа дека треба да се зграби оваа можност и државата веднаш после овие избори да продолжи напред кон раст на платите и пензиите и кон отворање на нови 150.000 работни места колку што имаме испланирано за следните години“, порача Заев во интервју за „Политика“.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
