Заев: Завршува расипничкото владеење на градоначалниците послушници

Завршува расипничкото владеење на градоначалниците послушници, доаѓа нов живот во цела Македонија, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев од вечерашниот централен митинг во Кочани.
Според него, не бидува нова ера со стари, истрошени кадри кои ја искрадоа Македонија.
- После се, Груевски се дрзнува да кандидира старо-нови кандидати за градоначалници кои потоа ќе сака да ги контролира. Глас за градоначаник на Груевски, е глас директно за Груевски, подвлече Заев, додавајќи дека во Македонија правда ќе има.
- Изминатите четири месеци јасно покажавме дека сме луѓе од збор. Тоа што го ветивме, го остваривме. Затекнавме урнисана финансиска состојба, немаше пари за ништо, но со ребалнсот на Буџетот обезбедивме дополнителни 700 милиони денари за Пензискиот фонд, 900 милинои денари за плати за сите, 600 милиони денари за социјална нега и 800 милиони за Фондот за здравство. Овие четири столбови на државата бандидите ги оставиле без пари, нагласи Заев.
Осврнувајќи се на економските мерки, рече дека целта на Владата е 500 евра просечна плата во Македонија.
Ќе се врати, најави, автономијата на образованието за да се продуцираат квалитетни кадри кои лесно ќе се снаоѓаат на пазарот на трудот, ќе се врати перспективата во земјоделството, а фокусот на владините политики, потенцира, е ставен на младите.
- Конечно, субвенциите се исплаќаат навреме и одат кај вистинските земјоделци, а не кај партиските другарчиња. Македонија ќе оди напред ако производителите имаат иднина тука, рече Заев и додаде дека е почната процедурата за зголемување на поддршката за оризопроизводителите за 6.000 денари.
Потсети и дека е укината радиодифузната такса, како и дека е вратена дневната евтина тарифа на струјата.
Зборувајќи за Кочани, Заев најави комлентна гасификација.
- Да се доближат централната и локалната власт до граѓаните, е нашата цел. Заедно да направиме подобра Македонија за сите, повика Заев и побара поддршка од граѓаните за кандидатот за градоначалник Николчо Илиев.
Илиев, пак, во обраќањето пред граѓаните понуди, како што рече, поинаква визија - европско Кочани, општина за сите, отворена за граѓаните, за сите Македонци, Роми, Власи, Турци,... Ќе се спроведат промени, нагласи, со знаење и квалитет, професионално.
И тој меѓу приоритетните проекти ја наведе гасификацијата, но најави и развој на локалната економија, современи сообраќајни решенија, патеки за велосипедистите, простор за лицата со посебни потреби, развој на културата и спортот.
Кочани, потенцира Илиев, повторно ќе биде најчист град во Македонија.
- Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди на работење и живеење, да се ослободиме од партиските стеги. Имаме историска улога, да направиме промени кон подобро, имаме историска шанса да гласаме слободно на фер и демократски избори. Не можеме веќе да трпиме поделби на ваши и наши, да гледаме неправди, да возиме по раскапани улици, да бидеме партиски војници за парче леб. Време е да направиме вистински промени за поквалитетен живот, подвлече Илиев.
Парите од буџетот, нагласи, мора да се користат чесно, наменски и одговорно, за ефективна, ефикасна и транспарентна општина, локалната економија мора да биде конуреннта, да има нови и подобро платени работни места не за преживување, туку за достоинствен живот.
Ново на Сител
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
