Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани. Да ја заштиме повозрасната популација, но и она што е најбитно - и најмладите н- изјави денеска проф. д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.
Според статистиката, како што истакна, границата за консумирањето тутун веќе е падната на 12 до 14 години и сè повеќе млади деца почнуваат со користење тутун.
- Она што е пострашно е што сè повеќе во мода се електронските цигари. Иако има пропаганда дека тие воопшто не се штетни, напротив, тие се штетни и даваат долготрајни и тешки последици за нежните бели дробови на децата. Даваме поддршка затоа што ова не е казна, туку сакаме директно да ги заштитиме како помладите така и возрасните луѓе бидејќи една од основните причини за појава на белодробен карционом е никотинот, односно пушењето цигари - рече Зафировски.
Одговорајќи на новинарско прашање за откажување од пушење, Зафировски рече дека на Клиниката имаат психолог и цел дел кој работи за одвикнување од никотинска зависност.
- Иако нашиот психолог е врвно едуциран за тоа, луѓето доаѓаат, но многу мал број ја завршуваат цела сеанса за да дојдеме до конечно откажување од зависноста од никотин. Ние ќе останеме посветени и ќе почнеме да работиме и со помладите. Ќе имаме еден проект со средните училишта и со осмолетките за да почнеме во почеток да знаеме колку значи тоа зависност од пушење - вели Зафировски. Додаде дека кај нив на клиниката најмладите што дошле се мал број, но потоа тешко сакаат да доаѓаат и да прифатат да го поминат цел третман за одвикнување од пушење.
Директорот Зафировски посочи дека мора и медиумите да направат кампања во која, како што рече, ќе објасниме што значи рано почнување со зависност од никотин, односно пушење цигари, кое е многу штетно.
- Не само белите дробови, оштетени се и срцето и сите останати системи. Затоа велиме дека ова е еден од најдобрите закони кои сакаме и да се спроведува. Се во интерес на нашите граѓани, изјави Зафировски.
Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија рече дека сакаат во наставата да има барем еден час во неделата за да се дискутира за се она што е проблем, што е лошо по нивното здравје и младите да разберат дека најдобро е да ги остават цигарите.
- Доста е. Престанете. Има надеж. Оставете ги цигарите и навистина ќе видите колку ќе биде подобро, порача Зафировски.
МИА
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
