Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
Квалитетот на воздухот во многу региони на Холандија е многу лош, а најзагадени се областите западно од градот Ротердам, каде нивото на загадување ја надминува дозволената граница на Светската здравствена организација, јавија денеска холандските медиуми.
На неколку локации, концентрацијата на азотни оксиди и честички во воздухот е повеќе од двапати од дозволената граница на СЗО, пренесува Nltimes.
Наведените загадувачи се меѓу најчестите и можат да предизвикаат значителни здравствени проблеми.
Според локалните медиуми, Шидам има најлош квалитет на воздухот, со нивоа на загаденост 2,15 пати повисоки од границите препорачани од СЗО. Жителите се соочуваат со загадување од густиот поморски сообраќај, емисиите на хемиската индустрија, блискиот аеродром, повеќе автопати и печки на дрва во густо населените области.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун