Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица.
Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од село Стојаково, исто така од Општина Богданци.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар. Другиот возач, С.А., се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, стои во соопштението на СВР Струмица.
На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.
Ново на Сител
-
Продолжуваат пожарите на Серта
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-
Колони на граничните премини низ државата - патниците се изморени од долгото чекање
-
Преглед на вестите од светот
-
Колони на граничните премини низ државата – патниците се изморени од долгото чекање
-
Продолжуваат пожарите на Серта
-
Антикорупционерите бараат дипломатски пасош, МНР вели не им следуваат
-
Кој најмногу добива, а кој губи со Ребалансот на буџетот?