Загина 71 годишен велосипедист на патот Виница-Берово

На регионалниот пат Виница-Берово, кај местото викано „Говедарски пат“, 71 годишен виничанец утринава го загубил животот, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Панајотова појасни дека починатиот виничанец со својот велосипед се движел по регионалниот пат и од засега непознати причини во него удрил камион марка „Пежо боксер“, управуван од 41 годишен жител на Кочани.
- Во незгодата на лице место починал 71 годишниот виничанец. Увид извршил јавен обвинител и полициски службеници од полициската станица во Виница, рече Панајотова.
Лекарите од Итната медицинска помош во Виница кои пристигнале на местото на несреќата само ја констатирале смртта на 71 годишниот виничанец. Во текот на летниот период регионалните патни правци Штип-Делчево и Виница -Берово се фреквентни, а земјоделците во овој регион како превозно средство до своите ниви ги користат велосипедите, затоа се апелира на возачите да внимаваат и да возат согласно сигнализацијата на патот.
Ново на Сител
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
