Loading Video...
Свет
24. August 2023 - 16:32

Загина лидерот на Вагнер - Евгениј Пригожин

Рускиот претседател Путин се уште не ја коментираше авионската несреќа во која како што објавија руската федерална агенција за воздушен транспорт и каналите на Телеграм поврзани со приватната воена група Вагнер загинал лидерот на Вагнер Евгениј Пригожин. Во краткото соопштение од Кремљ се вели дека се истражуваат причините за падот на приватниот авион кој со тројца членови на екипажот и 7 патници вчера  попладне полетал од Москва кон Санкт Петербург и се урнал во московската област Твер. Нема преживеани а покрај Пригожин и остантите патници биле важни луѓе во платеничката војска објави Федералната агенција за воздушен транспорт. Американскиот претседател вели дека извештајот за смртта на Пригожин не е изненадувачки.

- Главните осомничени за смртта на Пригожон седат во Кремљ. Следува одмазда, порачаа борци на Вагнер.

Според податоците на сајтот Флајт Радар 24 во само 32 секунди пред да почне да паѓа авионот, неочекувано неколку пати ја сменил височината на летање, а очевидици од селото во близина на местата на настанот изјавиле дека виделе експлозија пред авионот да падне. Има повеќе верзии за тоа што се случило – авионот бил соборен од руската противвоздушна одбрана, во леталото експлодирала бомба скриена во ковчег со скапо вино како и можен дефект на авионот. 

Пригожин стана клучна фигура во руската војна против Украина пред да организира бунт што го потресе Кремњ и ги доенесе бунтовничките борци до прагот на Москва. Путин тогаш потегот го нарече предавство, а потоа го аменестираше Пригожин. Најмоќниот руски платеник, познат под прекарот готвачот на Путин пред неколку дена го објави своето прво видео обраќање по бунтот. Сподели дека е во Африка, велејќи дека групата ја прави Африка послободна.

Се шпекулира дека шефот на Вагнер ја лажирал својата смрт. Експерти потсетуваат дека такво нешто веќе направил во 2019 година.

- Ова може да биде средство за Пригожин да ја лажира сопствената смрт и да исчезне, бидејќи на крајот на краиштата, тој веќе знае дека е обележан човек. Штом го покрена овој бунт против Москва, тој стави цел на својот грб. И можеби има причина за тоа. Тој сака да испадне од видното поле.