Македонија
15. April 2023 - 16:49

Загина работник на ЈП „Комунална хигиена” во центарот на Скопје

На 14.04.2023 во 09.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје - вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото.

Смрт констатил лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.