Загина возач на камион со македонски таблици во тешка несреќа во Бугарија
Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21
Според првичните информации од МВР на Бугарија, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало.
Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.
Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење.
На подрачјето на 160 километри од автопатот Тракија, сообраќајот се одвива по лентата за престигнување поради сообраќајната несреќа. Сообраќајот го регулира Сообраќајната полиција.
На местото на несреќата се уште во тек е увидна екипа и полиција.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!