Загинатиот возач во несреќата во Бугарија возел камион со турски таблици

Возач на камион со турски регистарски таблички загина при судир на два камиона на автопатот Тракија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора во Бугарија, јави бугарската Нова ТВ.
Како што јавија бугарските медиуми, несреќата се случила околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на „161-от километар на автопатот Тракија“ на коловозната лента во правец кон Софија.
Во несреќата покрај турскиот учествувал и камион со бугарски регистарски таблички од Велико Трново. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвива само на една коловозна лента и е формирана колона возила во должина од околу пет километри.
Претходно, ТВ21 повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
