-->
-->
Загрозена тренерската позиција на Пиоли во Милан
-->
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро може да ја напушти функцијата.
Според „Калчомеркато“, раководството на клубот се уште има доверба во тренерот, но може да се премисли доколку ситуацијата во тимот не се промени наскоро. Доколку продолжат неуспешните настапи на Милан и постои закана дека тимот нема да се пласира во Лигата на шампионите, може да се разгледа опцијата за отказ на Пиоли.
Италијанскиот стручњак работи со миланскиот клуб од есента 2019 година. Во последните пет натпревари од Серија А, „Росонерите“ претрпеа три порази и одиграа два натпревара нерешено.
Милан се наоѓа на 6. место во поредокот на италијанскиот фудбалски шампионат со 38 бодови од 21 натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива