Захариева: Како би се чувствувале ако некој ве претставува како фашист 75 години по војната
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека најголемиот проблем во односите со Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Во интервју за германскиот јавен сервис АРД, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од Преговарачката рамка.
„Бугарија сака да биде признаена историската вистина. Тоа не беше проблем за Македонија кога се потпишуваше Договорот – тоа заедничко минато кое треба да не’ поврзува, а не да не’ разделува. Ние не велиме: Овие херои се само наши. Ние велиме: Тоа се заеднички херои. Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ. Не може секојпат кога некој во Македонија јавно ќе каже дека некој од овие херои бил Бугарин, да биде јавно линчуван. 30 години по падот на тоталитарните режими, тоталитарните методи и пристапи не смеат да бидат државна политика“, вели Захариева за АРД.
Втората забелешка која ја изнесува Захариева се однесува на историските учебници во Македонија. „Во учебниците во Македонија Бугарите се’ уште се претставени како фашисти. Како би се чувствувале Вие, кога 75 години по војната некој се уште би ве претставувал како фашист?”, вели таа.
Понатаму во разговорот, бугарската министерка ја образложува потребата од вметнување на бугарските барања во Преговарачката рамка, иако тоа беше одбиено од актуелниот претседавач со ЕУ, Германија.
„Не сакаме да ја блокираме Македонија. Но, доколку во Преговарачката рамка немаме никакви гаранции, невозможно е да се каже ‘да’. Сеедно дали од сегашното или идното претседателство на ЕУ, доколку нашите предлози бидат ставени за дискусија во Преговарачката рамка, Бугарија ќе биде во можност да каже ‘да’“, додава таа.
Ново на Сител
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин