Захарова: Москва би можела да и врати на цела ЕУ поради протерувањето на дипломатите од Бугарија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва би можела да и врати на цела Европска Унија поради протерувањето на 70 руски дипломати.
Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор, посочи Захарова.
Таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет што е основа на дипломатските односи“.
– Европската дипломатија треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна, наведе Захарова.
Седумдесет вработени во руските дипломатските претставништва пред два дена ја напуштија Бугарија поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 200. Тоа е досега најголем број протерани дипломати од Бугарија, членка на ЕУ и на НАТО, но традиционално блиска до Русија.
ЕУ го изрази своето жалење за „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“.
Голем број европски земји протераа руски дипломати по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, а Москва возврати со слични мерки.
Ново на Сител
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј