Захарова: Продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите
– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите.
„Контактите меѓу Русија и Украина се во тек“, рече Захарова.
Таа се осврна и на резолуцијата на литванскиот Парламент за наводните терористички активности на Русија, нарекувајќи ги екстремен потег.
„Би сакала да ги потсетам оние земји кои можеби заборавиле или усвојувале такви декларации, изјави, кои не можам да ги наречам документи, дека тоа се екстремни потези, бидејќи не можат да се опишат поинаку. Сите овие земји се членки на НАТО. Во текот на изминатите децении, неколку пати можевме да видиме противправна агресија на НАТО, која не е оправдана со никакви правни причини“, рече Захарова.
Таа додаде дека постапките на Алијансата и нејзините членки напротив, како што рече, „предизвикале нови конфликти“.
Ново на Сител
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан