Свет
28. December 2017 - 15:45

Захарова: Распоредувањето на американски ракети во Јапонија ќе ги наруши руско-јапонските односи

Одлуката на Јапонија на нејзината територија да бидат распоредени системи за противракетна одбрана ќе ги наруши односите меѓу Токио и Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека со одлуката САД исто така го прекршуваат и важниот договор за контрола на вооружувањето. 

- Тие активности на Токио директно и противречат на приоритетната задача за градење на доверба меѓу Русија и Јапонија во воено-политичката сфера и ќе имаат негативно влијание врз заедничката атмосфера на билатералните односи, вклучително и во преговорите по прашањето за мировниот договор, истакна Захарова.

Таа посочи дека одлуката на Токио „предизвикува длабоко жалење и сериозна вознемиреност“.

Како што јави МИА, месецов Јапонија одлучи на нејзината територија да распореди компоненти од американскиот противракетен систем „Аегис“, како одговор на зголемените закани од Северна Кореја.