Захарова: Западот со случајот Скрипал сака да го одвлече вниманието од Сирија и Ирак
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова направи поврзаност меѓу случајот Скрипал и сириското прашање.
- Западот се обидува да ги потцени луѓето и да го одвлече вниманието од своите дејствија во Сирија и Ирак, изјави Захарова.
Таа истакна дека за никого веќе не е тајна дека во Сирија се наоѓаат американски и британски специјалци, кои дејствуваат заедно со вооружената опозиција.
- На сите им е јасно дека целта на тоа присуство е поделба на интереси, додаде портпаролката на руското МНР.
Захарова изрази жалење дека Лондон не и доставил на Москва никакви податоци во врска со истрагата за труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март.
Таа потврди дека во Советскиот сојуз или во Русија никогаш не се произведувала хемиска супстанца под тајно име „Новичок“, додавајќи дека Велика Британија намерно го користи тоа име со цел да ја дискредитира Русија.
Захарова потенцира од кои земји би можела да дојде хемиската супстанца, која е употребена за нападот, а тоа се Велика Британија, Словачка, Чешка, Шведска и евентуално САД.
- Овие држави кон крајот на 90-те години од минатиот век вршат интензивни истраги на супстанци од проектот „Новичок“, изјави руската портпаролка.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија