-->
-->
Захир Танин нов шеф на УНМИК
-->

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го именуваше за нов шеф на Мисијата на ОН за привремена администрација на Косово Захир Танин, претставник на Авганистан во ОН, пренесува Танјуг.
Танин на должноста ќе стапи на 31 август, каде ќе го замени досегашниот шеф на УНМИК Фарид Зариф, јавуваат косовските медиуми.
Освен што на неколку седници на ОН бил на местото заменик претседател на Генералното собрание на ОН, Танин има работено и како продуцент и уредник на Би-Би-Си радио, но и како истражувач за меѓународни односи на економски и политички науки на Универзитетот во Лондон.
Новиот шеф на УНМИК дипломирал на Медицинскиот факултет во Кабул. Тој е роден 1956 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потребно е проширување на понудата на културниот туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Документарен филм „Природно од Преспа“
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
