Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
Психолози, психијатри и останати стручни лица се во Кочани и се на располагање за потребите на граѓаните во овие тешки моменти. Од Министерство за здравство потврдуваат дека зајакнати медицински тимови се на терен и се достапни за граѓаните.
По несреќата, од Министерството за образование и наука испратија низа препораки до родителите за постапување во вакви вонредни ситуации. Меѓу приоритетните совети кои се испраќаат до родителите се наведува да ги уверат децата дека се безбедни, да разговараат со нив, но и да го ограничат времето во гледање на вести, како и информации кои кружат на социјалните мрежи.
Експерти по социологија ја истакнуваат и важноста на воспитно образовните професори по оваа несреќа. Да стават приоритет на разговорите со децата и за време на часовите, а емоциите да ги доживеат.
Тешко ќе биде да се врати и довербата во институциите, која по страотната несреќа е срушена. Нема ад ход решение за да се излечи стравот на граѓаните, да седнат на кафе, да влезат во угостителски објект.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар