Зајберт: Меркел е загрижена од новите американски санкции против Русија
Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена дека новите санкции на САД кон Русија можат да доведат до казни за европските компании, денеска изјави портпаролот на нејзината Влада, цитиран од британските медиуми.
Портпаролот Штефен Зајберт пред новинарите во Берлин санкциите против Русија, што вчера ги одобри американскиот Сенат, ги нарече „несфатливи“ и „особени“ и кажа дека Меркел ги споделува стравувањата изразени од германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, и австрискиот канцелар, Кристијан Керн, во нивната вчерашна заедничка изјава.
Според Зајферт, американските санкции, што имаат за цел да ја казнат Русија за нејзиното мешање во американските избори, можат да доведат до казни против европските компании.
-Ние во принцип ги отфрламе санкциите со екстериторијален ефект, што значи со ефект врз трети земји, подвлече портпаролот на Меркел.
Исклучително негативен однос кон новите американски санкции денеска изрази и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од британските медиуми. Во изјавата дадена од Москва тој изрази мислење дека овие санкции можат да им наштетат на други земји, принудени да се сообразат со нив.
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, смртта и болеста не допира сите
-
СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат
-
Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
115 лица хоспитализирани во македонските болници, 47 се на лекување во странство
-
Акција на ЈО и МВР за несреќата во Кочани
-
Хронологија на настаните во клубот Пулс, ноќниот клуб каде прекина и пулсот на многу млади животи
-
Веста за катастрофалната трагедија во Кочани го обиколи светот
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите