Зајберт: Меркел е загрижена од новите американски санкции против Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена дека новите санкции на САД кон Русија можат да доведат до казни за европските компании, денеска изјави портпаролот на нејзината Влада, цитиран од британските медиуми.
Портпаролот Штефен Зајберт пред новинарите во Берлин санкциите против Русија, што вчера ги одобри американскиот Сенат, ги нарече „несфатливи“ и „особени“ и кажа дека Меркел ги споделува стравувањата изразени од германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, и австрискиот канцелар, Кристијан Керн, во нивната вчерашна заедничка изјава.
Според Зајферт, американските санкции, што имаат за цел да ја казнат Русија за нејзиното мешање во американските избори, можат да доведат до казни против европските компании.
-Ние во принцип ги отфрламе санкциите со екстериторијален ефект, што значи со ефект врз трети земји, подвлече портпаролот на Меркел.
Исклучително негативен однос кон новите американски санкции денеска изрази и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од британските медиуми. Во изјавата дадена од Москва тој изрази мислење дека овие санкции можат да им наштетат на други земји, принудени да се сообразат со нив.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
