Зајкова: Треба да се регулира пристапот до апликации и игри кои промовираат насилство
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Вели дека ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра.
- Ние сме сведоци на она што се случува со нашите деца. Македонија исто така имаше човечки жртви од користењето на оваа апликација и апсолутно се наметнува потребата не само „тик ток“, туку да се регулира просторот при пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Постојат механизми, алгоритми што можат да ја детектираат содржината и да ја банираат односно да оневозможат пристап до таа содржина, изјави Зајкова денеска одговарајќи на новинарски прашања.
Посочи дека оваа социјална мрежа е забранета и во некои од најлибералните држави во светот, но она државата треба да го направи, според неа, е да се процени во кои закони треба да се интервенира и на кој начин би била регулацијата, затоа што, вели, и сега има забрана за пристап до одредени содржини за лица под 18 години, но тоа не функционира.
- Не сметам дека треба да останеме во земјите што сега седат со скрстени раце и не превземаат ништо по однос на овие прашања затоа што гледаме што се случува во регионот. Не значи ако имаме регулација дека станува збор за одредена цензура или помалку демократија затоа што имаме повисоко добро да заштитиме, рече Зајкова.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола