Закажана, па откажана средбата на Груби со секретарите на партиите на Албанците во врска со пописот
Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на секретарот на ДУИ Артан Груби со секретарите на политичките партии на Албанците во земјава во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива.
Средбата требаше да се одржи денеска во Клубот на пратеници, со почеток во 11 часот. За денеска во 13 часот на исто место е закажана средба на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Ве известуваме дека денеска со почеток во 11:00 часот, ќе остварат средба секретарите на албанските политички партии во Република Македонија. Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје, соопшти првично ДУИ.
Потоа, од партијата испратија ново соопштение во кое се вели дека поради непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива на средбата за координација околу пописот денешната средба на секретарите на албанските политички партии во Република Македонија е откажана.
-Ја информираме јавноста дека нашата врата за соработка останува отворена и секогаш подготвени да седнеме на маса за доброто на нашите граѓани, се вели во второто соопштение од Демократската унија за интеграција.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците