Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Општина Брвеница што ќе се одржат на 18 октомври.
Како што информираше претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на денешната седница, во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи. Во изводите од Избирачки список се запишани 15.798 избирачи, на привремена работа во странство се 449 гласачи, а во затвор или во притвор се девет избирачи.
На изборите за градоначалник на Брвеница ќе се гласа за шестмина кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).
Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Јовица Илиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Вакцинацијата против грип ќе почне кон крајот на октомври
-

Измени за Законот за животна средина
-

Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
